Насилни протести заради полициската бруталност ширум САД
Во повеќе градови и сојузни држави низ САД ноќеска беше бурно, бидејќи имаше насилни протести против полициската бруталност и расизам во Луисвил, во државата Кентаки, во Портланд, во државата Орегон, Сиетл, во државата Вашингтон и Остин, во државата Тексас , пренесоа утринава британските медиуми.
Во протестите во Остин загина едно лице, а неколку истрели биле испукани во воздухот од голема група вооружени демонстранти, кои повикувале на вооружен одговор кон полицијата.
На снимките објавени на Фејсбук се прикажани неколку членови на групата од стотиците демонстранти кои пукаат во воздухот.
Полицијата во Остин потврди дека едно лице е убиено за време на демонстрациите.
Илјадници луѓе демонстрираа и во Сиетл, главниот град на државата Вашингтон, во северозападниот дел на САД, на најмасовните и насилни протести против полициската бруталност и расизам во последните неколку недели. Полицијата соопшти дека користела солзавец и несмртоносно оружје за привремено да ги неутрализира најагресивните демонстранти, а 25 лица се уапсени.
Во Луисвил, во државата Кентаки, голема група тешко вооружени Афроамериканци протестираа на градските улици барајќи правда за Бренон Тејлор (26), Афроамериканка која беше убиена кога полицијата насилно упадна во нејзиниот стан минатиот март. Тројца полицајци беа отпуштени од работа за ова убиство, но досега никој не е обвинет за смртта на младата медицинска сестра.
На демонстрациите во Портланд, Орегон, во илјадници луѓе се собраа и протестираа низ градските улици, а едно лице е прободено со нож. Полицијата во Портланд синоќа побрутално реагираше во однос на претходниот ден, а со солзавец пукаше кон насилните демонстранти, но според Си-Ен-Ен, голема група демонстранти можеше да се види со транспаренти „Црните животи вредат“ како малку подалеку од толпата мирно протестираат низ улиците на главниот град на Орегон.
На протестите се придружија и воените ветерани, здруженија на мајки, ветеринари и други организирани групи.
Вршителот на должноста државен секретар за национална безбедност, Џад Волф, изјави дека шестмина припадници на безбедносните сили се повредени и апелираше до градските власти ширум Америка да „дејствуваат одговорно и да ги санкционираат криминалците кои се насилни кон полицијата и уништувањето на имотите на други луѓе “.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација