Свет
23. February 2017 - 8:59

НАСА: Пронајден ѕвезден систем со „двојници“ на Земјата

НАСА соопшти дека астрономи откриле нов ѕвезден систем што е оддалечен од Земјата околу 40 светлосни години.

Системот е наречен Трапист-1, и во него постојат седум планети слични на Земјата кои кружат околу џуџеста ѕвезда, постудена и поцрвена од Сонцето.

Шест од планетите се во зона каде температурите би можеле да се движат од 0 до 100 степени Целзиусови. На најмалку три од тие шест планети научниците сметаат дека може да има и вода.