Народниот правобранител Јанковиќ ќе се кандидира за претседател на Србија
Народниот правобранител на Србија Саша Јанковиќ ќе се кандидира за претседател на земјата на изборите кои ќе се одржат следната година.
- Ќе бидам кандидат на граѓаните. Претседателот го изразува државното, односно националното единство, а партиите можат и треба да го бараат своето место во заедничкиот интерес, а не обратно, истакна Јанковиќ.
Тој наведе дека како и до сега ќе ја врши работата на јавен правобранител строго в согласност со Уставот и законот.
- Во Србија треба да има ред, а не неизвесност и страв, додаде Јанковиќ.
Српскиот премиер Александар Вучиќ имаше реакција на соопштението, со иронична „честитка“ за Јанковиќ.
- Му ја честитам кандидатурата, веќе победи, јас го предвидов ова уште пред три години, само што тој ја злоупотреби сегашната негова функција, наведе српскиот премиер.
- Сега е јасно кој ги урива институциите, за кои предупредувам веќе три години и за кои ме опоменуваат веќе три години дека давам лажни обвиненија, додаде Вучиќ.
Тој нагласи дека владејачката Српска прогресивна партија ќе избере свој кандидат за два-три месеци.
- Ние не брзаме. Им даваме можност да си ја водат кампањата колку сакат. И без тоа злоупотребуваат, користејќи сложбени автомобили во кампањата, и се останато. Со ништо друго не се занимаваат, освен со сопствената промоција и кампања, потенцира Вучиќ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација