Свет
11. September 2018 - 8:38

Нарко шверцери уапсени во Италија, Германија и Албанија

Во голема заедничка акција на италијанската, германската и албанската полиција против недозволена трговија со дрога, уапсени се 20 лица, членови на две криминални групи шверцери на дрога.

Меѓу уапсените лица се 17 државјани на Албанија, од кои две жени, еден италијански државјанин со албанско потекло, еден Косовец и еден Пакистанец. Шеснаесетмина од нов се уапсени во Италија, тројца во Германија, додека едно лице е уапсено во Албанија.

Во акцијата се запленети 120 килограми кокаин, хероин и марихуана, чија вредност на пазарот е проценета на 20 милиони евра.

Истргата против двете групи почнала пред две години кога се запленети 91 килограм кокаин на италијанско-австриската граница.

Во текот на двегодишната истрага откриено е дека двете групи шверцувале марихуана од Албанија кон Италија, а потоа во Германија. Кокаинот го шверцувале од Белгија во Германија, а потоа во северниот дел на Италија, додека хероинот од Холандија во Италија.