Живот
17. January 2017 - 10:17

Напуштен будистички храм стана светилиште на ... градникот!

Напуштен будистички храм во оддалечена област на јапонската префектура Ибараки стана светилиште на градникот.

Светиот објект бил напуштен по наводните случаи на измами поврзани со предвидувања.

Храмот открива невообичаена уметност и собира стотици посетители. Од таваните висат градници, а ѕидовите се накитени со најразлични видови долна облека. Можат да се видат и Барби кукли, кои се во различни пози.

Луѓето кои ја виделе изложбата, тврдат дека таа е манифестација на авторски видување.

Други се загрижени дека е обид за црна магија, бидејќи по подот имало хартиени ленти со испишано име на жена.