Свет
11. October 2015 - 9:03

Напредок во разговорот меѓу САД и Русија за летовите во Сирија

САД и Русија остварија напредок за време на разговорот посветен на избегнување случајни несреќи меѓу двете сили во воздушниот простор на Сирија, соопшти синоќа Пентагон.

- Разговорот беше професионален и насочен конкретно на примена на одредени безбедносни процедури, се наведува во соопштението од Пентагон.

Портпаролот на Пентагон Питер Кук најави нов разговор во блиска иднина меѓу претставници на САД и на Русија. Тој додаде дека вчерашната видео-конференција траела околу 90 минути.