Живот
30. May 2016 - 17:20

Направете чудотворна свеќа и решете се од мувите и комарците

Етеричното масло цитронел (се добива од лимонска трева) комарците едноставно го мразат па искористете го ова масло и разубавете си го животот додека седите дома, во двор, сте на одмор или негде на планинарење. Еве како да направите самите свеќа која ги брка комарците, а покрај тоа изгледа убаво додека гори и испушта мирис за кој велат дека делува релаксирачки.
 
Мирисот на цитронел не го сакаат ниту мувите, мушичките, а бегаат и од масло од еукалиптус.
 
Што ви е потребно:
 
восок - можете да искористите стара свеќа или да го купите
етерично малсо од цитронел
етерично масло од еукалиптус
2 дрвени стапчиња
стаклена мала чашка во која ќе биде свеќата
фитил
селотејп
 
Постапка:
 
Ставете го фитилот во стаклената чашка така што дрвеното стапчке ќе го држи одозгора, а долниот дел ќе биде залепен со селотејп за дното на чашката. Стапчињата ставете ги водорамно на чашката а фитилот прицврстете го така да стои во средина и да не мрда додека не ја наполните чашката со смесата од восокот и етеричното масло.
 
Восокот ставете го во сад кој се загрева во вода во кој се наоѓа другиот сад, на средна температура. Кога ќе се растопи, ставете го етеричното масло цитронел - 10 до 13 капки и 5 до 8 капки од маслото од еукалиптус (за свеќа од средна големина).
 
Пополека сипете ја смесата во стаклената чашка и внимавајте фитилот да не се измести. Оставете ја неколку часа да се стврдне па отстранете ги дрвените стапчиња.