-->
-->
Напаѓачот од Минхен не бил поврзан со Исламска држава
-->
Шефот на полицијата во Минхен, Хубертус Андере изјави дека при претресот на станот на напаѓачот од трговскиот центар не се откриени докази за негова поврзаност со Исламска држава.
Напаѓачот живел заедно со своите родители во реонот Максфорштад.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, полицијата потврди дека 18-годишниот Али Давид Сонболи предходно бил на психијатриска и медицинска грижа, а во својот ранец имал 300 куршуми за пиштол.
Неговите родители поради шок сеуште не се во можност да и помогната на истрагата, која не може да ги утврди мотивите за нападот.
Според шефот на полицијата во Минхен властите не можат да пронајдат сличности со нападот во воз, што се случи во покраината Баварија при што беа повредени десетина луѓе. Одговорноста за тој напад извршен од 17-годишно момче со авганистанско потекло го презеде Исламската држава.
За нападот во Минхен засега ниту една група нема преземено одговорност.
Полицијата сеуште ги анализира снимките направени од очевидци на настанот во обид да открие какви пораки упатувал напаѓачот во текот на расправиите со луѓето, што го убедувале да не пука по невините граѓани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога
-
Автомобил „форд“ излетал од патот Ресен - Битола, тешко повреден 68 годишен битолчанец
-
Уапсен 44 годишен тетовец, кај него пронајдена дрога
-
Притвор за Весиќ, Танасковиќ и 11 осомничени, по едно лице издадена потерница
-
Македонски автобус се излизгал вчера по обилните врнежи во Србија
-
Медведев: Русија не сака да употреби нуклеарно оружје
-
Во Мајами уверени дека Меси ќе остане во клубот до 2026 година
-
Расел ќе стартува од првата позиција на Големата награда на Лас Вегас