Балкан
11. July 2015 - 18:02

Напаѓачот на Вучиќ имал акредитација

На фотографиите кои беа објавени неспоредно по нападот врз српскиот премиер Александар Вучиќ за време на комеморацијата по повод 20 години од масакрот во Сребреница се гледа дека човекот кој го нападнал бил акредитиран.

Група лица најпрво викале кон српскиотм премиер, потоа му упатиле псовки, а потоа почнале да го гаѓаат со шишиња и камења извикувајќи „Алах  акбар“. 

Полицијата уапси еден од напаѓачите на српската делегација, предводена од Вучиќ, јави сараевскиот „Дневни аваз“. 

Вучиќ се здоби со повеќе удари од камења и по инцидентот успешно е евакуиран заедно до членовите на делегацијата кон Скелани, на границата меѓу Србија и БиХ, изјави за Танјуг министерот за надворешни работи на Република Српска Драган Лукач.