Македонија
13. March 2017 - 14:28

Нападнато семејство со секира во нивниот двор

Триесет и седумгодишен маж со секира го повредил А.А. (52) во дворот од неговата куќа, кој моментално се наоѓа во Ургентниот центар во Скопје.

Како што соопшти МВР вчера во 18:40 часот на улицата „376“ во Скопје, во дворот од куќата сопственост на А.А. (52), насилно влегол А.Џ. (37) и со секира ги нападнал сопственикот, неговите ќерки С.А.(21) и А.А. (30) и неговата сопруга Х. Б. (50).

Од МВР информираат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.