Македонија
11. August 2015 - 12:45

Нападнати малолетници кај Бит Пазар

Повеќе непознати лица, без повод и причина, вчера вечерта околу 22.50 часот нападнале тројца малолетници.

Нападот се случил на раскрсницата со булеварот „Крсте Мисирков“ и булевар „Гоце Делчев“, кај Бит Пазар во центарот на Скопје.

На нападнатите нанесени им се телесни повреди во пределот на главата и телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.