Нападнат референт во Дирекцијата на УЈП во Тетово
Ѓ.Ш.(52) вработен како референт во Дирекцијата на УЈП во Тетово денеска околу 10 часот бил физички бил нападнат од Р.И.(47) од Тетово додека бил во својата канцеларија, информираше портапаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоввски.
Според неговите податоци, Р.И. започнал куса вербална расправија околу нерегулирани даночни обврски на неговиот брат по што го нападнал рефернтот на УЈП, удирајќи го со шлаканица по лицето при што му ги оштетил очилата и му нанел видливи повреди на лицето.
Веднаш по инцидентот случајот бил пријавен во Полициската станица Тетово по што за кусо време Р.И. бил пронајден и приведен од полициски службеници на СВР Тетово.
- По извршениот разговор со него и по целосно расчистување и документирање на случајот Р.И. ќе се соочи со соодветен поднесок, најави Јосифовски.
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела