Македонија
19. December 2017 - 13:31

Нападнат полицаец на Партизанска во Скопје

Нападнат полициски службеник среде Партизанска во Скопје.Сектор за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Ф.А.(34) од Скопје за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедност“. На 19.09.2017 година околу 22,35 часот во Скопје на булевар „Партизански одреди“, при преземање на службено дејствие за сообраќаен прекршок, пријавениот физички го нападнал полицискиот службеник.