-->
-->
Нападите меѓу Катица Јанева и Фатиме Фетаи, основ за нивно изземање во "Титаник 3"
-->
Одбраната во "Титаник 3" бара изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзините полномошници кои го застапуваат предметот, односно обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
Адвокатот Еленко Миланов рече дека од минатото до денешното рочиште, очигледно е оти изменети се случувањата во СЈО.
- Можевме да видиме дека постои конфронтација меѓу Јанева и обвинителите кои го застапуваат предметот, што претставува основ за изземање заради конфликти, спротиставени мислења, и да не бидам груб, напади меѓу Јанева и полномошниците, изјави во судницата адвокатот Еленко Миланов.
По ваквото барање, судијката Марија Клетничка го прекина судењето и продолжението го најави за половина час.
Во предметот „Титаник 3“ се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење