Свет
10. May 2016 - 9:48

НАПАД ВО МИНХЕН: Човек со нож напаѓал минувачи - Четворица се повредени, едно лице загина

Неидентификуван човек со нож во раните утрински часови напаѓал патници на железничката станица во Минхен, при што биле повредени четворица од нив, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на Баварското радио „Bajerišer Rundfunk“.

Како што е соопштено од страна на британски „Independent“, повикувајќи се на полициски извори едно лице подлегнало на повредите во болница. Меѓу повредените се три машки лица, од кои еден е потешко.

Полицијата ја проверува изјавата на очевидец дека човекот за време на нападот извикувал „Алах Акбар“ (Бог е голем).

Портпаролката на полицијата, Михаила Гроб изјавила дека напаѓачот е уапсен и дека властите работат на утврдување на неговиот идентитет.

Исто така, се уште нема информации за тоа дали нападот може да биде поврзан со исламистите. Инцидентот се случил во Графинг, источно предградие на Минхен, пред 05:00 часот.