Свет
20. November 2018 - 11:05

Напад во Чикаго, има мртви

Двајца доктори и полицаец се убиени во вооружениот инцидент кој се случи во болница во Чикаго. Според сведоци, на паркингот од болницата, напаѓачот се расправал со докторка со која бил во врска.

Одеднаш извадил пиштол и ја застрелал со два куршума, а потоа влегол во болницата и почнал неконтролирано да пука.

Ранил четири луѓе, меѓу нив млад фармацевт и полицаец, кои потоа им подлегнале на повредите. Убиецот, кој се уште не е идентификуван, исто така починал, но се уште не јасно дали се самоубил или полицијата го совладала.