Свет
8. May 2021 - 12:02

Напад со дрон во Ирак врз база со американски војници, нема жртви

Ирачка воена воздухопловна база, во која се сместени американски трупи, рано утрово беше нападната од беспилотно летало при што е предизвикана само мала штета, но нема жртви, соопштија ирачката армија и коалицијата предводена од САД.

Во нападот е оштетен хангар, објави портпаролот на коалицијата полковник Вејн Марото на Твитер и додаде дека истрагата е во тек.

Засега никој не презеде одговорност за нападот.  САД ги обвинија групите милиции поддржани од Иран за претходните претежно ракетни напади, насочени кон американските трупи во Багдад и воените бази низ Ирак.