-->
-->
Наместени 48 тениски мечеви
-->
Во првите три месеци од 2016 година на 48 тениски натпревари биле забележани сомнителни уплати во обложувалниците, соопшти Единицата за интегритет во тенисот (ТИУ). Еден од тие мечеви е одигран на женскиот дел од турнирот на Австралија Опен, а останатите се одиграни во понискиот ранг (Фјучрски и челинџи).
ТИУ не наведува кои мечеви се сомнителни, а во истиот период минатата година биле регистрирани 31 случаи на сомнителни мечеви во тенисот.
Сепак, ТИУ наведува дека тоа што некој меч се истражува не значи и дека постојат докази дека тој бил наместен, туку дека врз зголемената уплата можеле да влијаат и други фактори, како физичката подготвеност или формата.
Од почетокот на годината одиграни биле 24.110 мечеви, што значи дека 0,2 отсто се сомнителни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо