Бизнис
16. February 2017 - 14:55

Намалено шумското производство во четвртиот квартал лани

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во последниот квартал од минатата година, во однос на четвртиот квартал 2015 година, е намалено за 31,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.  

Зголемување на шумското производство е забележано кај рудничко дрво од иглолисни и листопадни видови,  просторно дрво од иглолисни видови и кај друго обло дрво од листопадни видови. 

Намалување, пак, на шумското производство има кај трупците од иглолисни и листопадни видови, друго обло дрво од иглолисни видови, просторно дрво од листопадни видови, огревно дрво од иглолисни и листопадни видови и кај друго грубо обработено дрво, цепаници, дрвени мотки, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.