Македонија
6. January 2018 - 10:34

Намалени водостоите на реките

Водостоите на Црна Река кај Новаци и Сатеска кај Ботун се речиси тројно пониски од просекот за јануари, нивото на Вардар кај Јегуновце е повеќе од двојно, а на Треска кај Македонски Брод речиси двојно пониско од вообичаеното.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи - УХМР, поголем водостој од просечниот за јануари имаат Црн Дрим кај Ложани, Пчиња кај Катланово, Вардар кај Скопје и Демир Капија, а сите останати реки понизок. 

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се во рамки на јануарскиот просек.