Македонија
25. February 2017 - 12:30

Намалена видливост поради магла на превојот Стража

Намалена видливост поради појава на магла од 80 – 100 метри има на планинскиот превој Стража. На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози, информира „Македонија пат“.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Од „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.