Македонија
30. January 2019 - 10:38

Намалена цената за пречистување на отпадната вода во Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија, на барање на јавното комунално претпријатие „Комуналец“ донесе одлука да се намали цената на услугата за пречистување на отпадната вода од домакинствата од 10,44 на 8,50 денари од метар кубен.

Намалувањето на цената за 18,6 отсто или за 1,94 денари од метар кубен советниците го донесоа врз онова на одлуката од Управниот одбор на претпријатието, што беше донесена откако Регулаторната комисија ги направи пресметките за прометот на „Комуналец“ со досегашната цена за пречистување на отпадната вода.

За правните лица нема намалување на цената за пречистување на отпадната вода, што и натаму изнесува 20,70 денари од метар кубен за 2019 година и 20,13 денари од метар кубен за 2020 година. Цената е донесена со одлука од УО на „Комуналец“ во јули 2018 и потврдена од Советот на Општина Гевгелија.