Намален за 3,2 проценти бројот на работници во индустријата во февруари
Бројот на работници во индустријата во февруари годинава, во однос на февруари лани е намален за 3,2 отсто. Намалување од 3,2 проценти на бројот на работниците е регистрирано и во периодот јануари – февруари годинава, во однос на првите два месеца од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во секторот преработувачка индустрија е регистриран пад од 3,6 проценти на бројот на работниците во февруари годинава во однос на февруари лани, во рударско и вадење камен за 0,8 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,3 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, бележи опаѓање кај енергија за 0,6 проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 4,2 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 6,6 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,5 проценти, додека пораст бележи кај капитални производи за 0,4 проценти.
Ново на Сител
-
СДСМ: Побрз економски раст и подобар стандард ќе донесе членството во ЕУ
-
Тројца млади лица загинаа во Кичево
-
Потпишан договор, цената порасната
-
Тренчевска: Ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите ќе го дестабилизира пензискиот систем
-
Белата чума коси во државата: Секоја година има се помалку ученици
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп