Македонија
24. March 2016 - 15:13

Намален притисок на вода во Аеродром и Лисиче

Намален притисок во водоснабдување утре од 7:30 часот ќе имаат корисниците од населбите Аеродром и Лисиче.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, намалениот притисок на вода ќе биде поради изведување водоводен приклучок на висококатниците на Џевахир Холдинг од ф – 700 мм на ф – 300 мм. Намален притисок ќе има се до завршување на работата.