-->
-->
Налепниците со ознака „НМК“ за регистарските таблици ќе чинат најмногу 50 денари
-->
Налепниците со новата ознака за возилата во државата „НМК“, ќе чинат најмногу 50 денари, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат, согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен бил договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците.
- Согласно решението за изменување и дополнување на решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, објавено во Службен весник на Република Северна Македонија број 2 од 03.01.2024, цените на налепниците ќе се движат од 30 до 50 денари, додаваат од МВР.
Обврската за користење на кодот „НМК“ на регистарските таблички е од Преспанскиот договор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња