Накит украден од стан во Тетово

Штета од 240 илјади денари во полицијата пријавила Р.Б.(37) од Тетово откако засега непознати сторители вчера во периодот помеѓу 13 и 14 часот извршиле тешка кражба на накит од нејзиниот стан на улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово.
Како штоинформираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, сторителите на засега неутврден начин најверојатно со подесен клуч, калауз или друг погоден предмет ја отвориле влезната врата од станот и по целосното пребарување на сите простории од работната соба одзеле 4 женски златни прстени, еден златен ќустек со должина од еден метар, уште едно златно синџирче и еден машки прстен што сопственичката ги проценува на вкупно 240 илади денари. Со одземеното непознатите незабележани од никого го напуштиле станот.
По пријавата полицијата извршила увид и работи на расветлување на посоченото во пријавата и откривање на сторителите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов директор на ДЗС
-

Келог: Мировниот договор за Украина е „На последните 10 метри“
-

УЈП: Секоја четврта фирма не издава фискални сметки
-

ВМРО-ДПМНЕ најавува промени - СДСМ очекува предвремени избори
-

ВМРО-ДПМНЕ негира дека ќе се градат бегалски кампови, СДСМ тврди дека се подготвува национално предавство
-

Потребно е итна реформа на студиските програми според потребите на пазарот на труд
-

Младиот кадар, најголем дефицит во комуналниот сектор
-

Охрид ќе развива циркуларен туризам
