Џет-Сет
10. December 2018 - 14:36

Најзгодната полицајка на светот: Мажите ѝ се воодушевуваат, а на нејзините шефови им пречи само една работа

Полицајката Адријен Колсцар (33) од Германија стана вистински хит на Интернет пред две години кога започна да објавува секси фотографии на Инстаграм. За неа тогаш пишуваа сите странски медиуми, а во краток рок ја заследиле повеќе од 100.000 луѓе.
 
Само на последната фотографија која ја објавила, многу е јасно дека Адријен изгледа позгодно од кога и да било. Таа пред две години се занимавала и со бодибилдинг, а со оглед на тоа дека нејзината мускулна маса се намалила, а телото ѝ останало витко, јасно е дека продолжила да води грижа за својот изглед, само на малку поразличен начин. 
 
Нејзиниот стил сега е прилично поженствен, подамски и посмирен, а фотографиите никогаш подобри. Можеби од вежбањето со тегови со поголема тежина се откажа, но не и од сексапилните фотографии.
 
Како што велат нејзини шефови тие немаат ништо против нејзините фотографии, сѐ додека тие се пристојни и додека не е топлес. Идејата на нејзините фотографии, како што вели таа не е да предизвикува со сексапил, туку да им порача на жените дека треба да останат здрави и згодни.