Свет
7. January 2018 - 14:01

Најтопоп ден во Австралија од 1939 година, измерени 47,3 степени

Во Сиднеј денеска термометрите измерија 47,3 степени Целзиусови, поради тоа денешниот ден е најтоплиот од 1939 година.

Во областите околу Сиднеј е објавено предупредување за опасност од пожари, а во градот е целосно забрането палење оган.

Рекордна температура претходно е регистрирана во 1939 година, кога биле измерени 47,8 степени.

Големите горештини посебно лошо влијаат врз спортистите. Учесниците на тенискиот турнир во Сиднеј биле принудени да ги напуштат терените.