Најстудено во Лазарополе, најтопло во Гевгелија

Во Лазарополе утрово е најстудено, -2 степени, а најтопло е во Гевгелија, 11 степени.
Како што соопшти УХМР, до 8:30 часот нула степени се измерени во Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, 1 во Охрид и Претор, 2 во Скопје-Петровец и Крива Паланка, 3 во Тетово, Битола и Прилеп, 4 во Велес и Крушево, 5 во Струмица и Демир Капија, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово и Кавадарци и 7 степени во Виница.
Во текот на ноќта времето беше ведро, а утрово е сончево. Дува слаб до умерен променлив ветер.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 23 степени.
Ново на Сител
-

Жени од Источна Македонија започнаа обуки за вклучување во доброволните противпожарни друштва
-

Преглед на вестите од светот
-

Евтината струја преку ден останува како досега од 13 до 15 часот, ако се продолжи ќе се скрати ноќната
-

Тема на денот со Адем Чучуљ, претседател на ДКСК
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
