Најстудено во Берово, најтопло во Дојран
Во Берово утрово е најстудено, минус три степени, а најтопло е во Дојран, шест степени.
Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот минус еден степен е измерен во Скопје, кај Петровец и во Демир Капија, нула степени на Попова Шапка и во Тетово, Битола, Струмица, Прилеп, Велес, а еден степен во Куманово, Штип, Кавадарци и Крива Паланка. Два степени се измерени во Охрид, во Скопје - Зајчев Рид, Маврови Анови и Гевгелија, три во Крушево и четири степени во Претор и Виница.
Според УХМР, во текот на ноќта и изутринава краткотрајно облачноста беше помала, а потоа од запад се прошири облачност која во утринските часови се намалува најпрвин во југозападните делови.
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а од пладневните часови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во југоисточните делови ќе има повремен дожд. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој во попладневните и во вечерните часови вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот променливо облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 11 степени.
Ново на Сител
-
Скопјанец испразнил туѓа сметка и земал речиси 700 илјади денари
-
Фрлена рачна бомба во двор во Прилеп, оштетени прозорци и два автомобили
-
Уапсен 41 годишен маж - Со воздушна пушка пукал кон куче
-
Измамен скопјанец за сума од над 18 илјади денари
-
Исчезна 13 годишно девојче од Куманово
-
Шекеринска одржа прием и им се заблагодари на сите чинители за поддршката
-
Украина објави дека руската ракета истрелана кон Дњепар развила брзина поголема од 3.773 метри во секунда
-
Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје