Македонија
23. December 2016 - 8:59

Најстудено утрово во Демир Капија и Струмица

Најниска темпертаура од минус осум степени утрово е измерена во Демир Капија и во Струмица, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. 

Во Битола и Берово се измерени минус пет степени, минус четири во Крива Паланка, Виница и  Гевгелија, минус три во Прилеп, Лазарополе и  Куманово, минус два во Скопје, Дебар и Дојран, минус еден степен во Претор, Крушево и Маврово, нула во Тетово и еден степен над нулата во  Охрид.

Утрово е сончево и студено, во северозападните делови со умерена облачност. Дува слаб до умерен северен ветер, особено на повисоките места и планините.

Како што информира УХМР, во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и планините. Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 6 до 11 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 7 степени.

Викендов и на почетокот на работната седмица под влијание на поле на висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса времето ќе биде стабилно и суво. Температурата ќе биде во благ пораст, а зголемување на облачноста ќе има од недела. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и планините. Од вторник попладне се очекува промена на времето со засилен северен ветер, опаѓање на температурата и услови за слаби врнежи од снег и дожд.