Живот
26. јуни 2018 - 17:22

Најстариот Робинзон на сила одведен од својот остров: Единствена желба му беше да умре таму каде што живееше сам 30 години

Јапонскиот Робинзон (82) кој живее на оддалечен остров сам речиси 30 години, главно гол, без никаква облека на себе, беше принуден да го напушти својот рај поради ослабено здравје.

Масафуми Нагасаки уште од 1989 година живеше на островот Сотобанари, кој се наоѓа во лаенцот островои во близина на Тајван. И покрај тоа што немал никаква облека, водел многу дисциплиниран живот со строго одредена дневна рутина.

 

Утринскиот ритуал вклучува вежбање, по што неколку часа ја чисти плажата и тоа со бели ракавица, а потоа со гребло.

-Никогаш не сум видел почиста плажа од неговата, дури ниту во најскапите и најлуксузните хотелски ресорти, рече Алваро Серезо кој неодамна сними филм за островот каде Нагасаки живееше.

Нагасаки ја напуштил работата на главниот јапонски острово Хоншу, за да продолжи да живее осаменички живот, далеку од гламата и цивилизацијата.

Серезо вели дека стариот авантурист морал да го напушти островот во април зошто едно лице го видело на островот и рекло дека изгледал многу слаб.

Одлуката за неговото „отселување“ од островот следела и покрај желбата на Нагасаки на него да ги помине и своите последни денови.

„Веќе му реков на своето семејство дека овде ќе умрам“, вели Нагасаки во филмот на Серезо. „Мојата желба е да умрам овде и да не вознемирувам никого. Би сакал да ме убие тајфун така што никој да не се обидува да ме спаси“, рече овој Робинзон.

Серезо рече дека луѓето кои го виделе Нагасаки повикале полиција и тие го одвеле назад во цивилизацијата.

„Не можеше ниту да се спротивстави зошто беше премногу слаб. Нема да му дозволат да се врати“, рече Серезо и додаде дека Нагасаки сега живее во државна установа на блискиот остров.

„Буквално е исфрлен од островот. Здравјето му е добро, најверојатно само малку се разболел или настинал, но повеќе не му дозволуваат да се врати. Готово е“, рече Серезо.