Живот
1. September 2020 - 11:18

Најстариот брачен пар на светот: Заедно имаат 215 години

Хулио Цезар Мора и неговата сопруга Валдрамина Макловија Квинтерос од Еквадор се во брак 79 години и важат за најстарата брачна двојка во светот. Заедно имаат 215 години и, со тоа влегоа во Гинисовата книга на рекорди.

Хулио има 110 години, а Валдрамина е пет години помлада од него.

Тие се наставници во пензија. Се запознале 1930-тите, на одмор при училиштен распуст затоа што сестрата на Валдрамина била мажена со братучед на Хулио. По седум години, на 7 февруари 1941, се венчале.

„Семејното единство се одржува со љубов, меѓусебно почитување, чесна работа и семејни вредности“, ќе рече парот.

Хулио и Валдрамина имале пет деца, 11 внуци, 21 правнук и девет праправнуци.