Живот
2. December 2018 - 13:57

Најсреќните парови се оние кои минале низ пекол и останале заедно

Најсреќните парови се оние кои ги виделе најтемните делови еден од друг и не се откажале од љубовта.

Најсреќни и најуспешни парови не се оние кај кои секогаш цветаат рози и летаат пеперутки. Не се оние кои постојано се шетаат безгрижно фатени за рака. Не се оние кои веруваат дека партнерот не може да направи ништо погрешно и дека сè треба да биде совршено цело време.

Најсреќни парови се оние кои минале низ пекол и преживеале. Оние кои имале тешки патишта, искусиле болка и страдање, но останале заедно. Посилни од кога било. Оние кои не дозволиле проблемите и тешкотиите да им застанат на патот на нивната заедничка среќа.

Тоа е затоа што се гледаат како тим. Тие имаат љубов, доверба, почит и се грижат еден за друг. И само тоа е важно.

Нема потреба да се каже дека среќните парови не се секогаш среќни. Понекогаш се лутат еден на друг. Понекогаш не можат да поднесат да бидат во иста просторија. Понекогаш негативните емоции го вадат најлошото од нив.

Како и да е, на крајот тие сè уште се сакаат. Сè уште се држат еден за друг. Знаат дека никој не е совршен и дека ниту една врска не е совршена, но се подготвени да прават компромиси во името на љубовта.

Најсреќните парови се оние кои ги виделе најтемните делови еден од друг и не се откажале од љубовта. Тие минале низ многу бури, но секогаш го дочекувале изгрејсонцето фатени за раце.

Тие не се срамат да плачат еден пред друг и да бидат ранливи. Имале жестоки расправии и сè уште се караат за глупави работи. Но, без разлика за што станува збор, никогаш не ја минуваат црвената линија и секогаш се почитуваат. Никогаш не ја навредуваат другата личност. Никогаш не доаѓаат до точка од која нема враќање.

Дури и кога се лути, сепак сакаат бакнеж, прегратка. Сепак, се сакаат страсно. Секогаш брзо си простуваат и да останат заедно им е поважно, отколку причината зошто се караат.

Најсреќните парови се реални. Тие се свесни дека има подеми и падови во секоја врска и дека најважна е подготвеноста за борба и одлучноста да не се откажат еден од друг. Тие ги поправаат работите. Се борат за љубовта.

И иако ви изгледа дека новите парови, кои сè уште ја немале првата кавга, се посреќни и имаат поголеми насмевки на лицата, сепак паровите кои минале низ сито и решето и останале заедно се сродните души.