Свет
11. November 2018 - 19:10

Најпознатиот телескоп прогласен е за мртов: Открил илјадници планети во потрага по вонземјани, а сега останал без гориво во орбитата околу Сонцето

Славниот вселенски телескоп кој трага по вонземјени планети им служел на научниците речиси една деценија.
 
"Кеплер", леталото-телескоп на американската вселенска агенција НАСА, е прогласен за мртов, само неколку месеци пред неговата 10-годишнина од службата. 
 
Службениците го прогласиле крајот на "Кеплер" во вторникот, на 30. октомври.
 
Девет и пол години стариот "Кеплер", кој добро го надминал очекуваното време на траење, веќе со месеци бил "тенок" со гориво, а сега неговиот резервоар е празен.
 
 
Неговата способност да открие далечни ѕвезди и да идентификува можни вонземјени светови драматично се влошила на почетокот на октомври, но контролорите на летот и натаму успевале да ги соберат последните опсервации.
 
"Кеплер" открил 2.681 планети надвор од Сончевиот систем и уште повеќе потенцијални кандидати.
 
Ни покажа дека постојат карперсти планети со големина на Земјата кои можеби содржат живот. Исто така откри неверојатни "Супер Земји", планети поголеми од нашата, но помали од Нептун.
 
"Кеплер му ја отвори вратата на човештвото за истражување на вселената", рекол пензионираниот научник на НАСА, Вилијам Боруцки, кој го водел оригиналниот тим на "Кеплер".
 
Славниот телескоп се фокусирал на ѕвездите оддалечени илјадници светлосни години. Неговиот наследник "Тес", лансиран во април, ги следи ѕвездите поблиски до нас и веќе идентификувал можни планети.
 
Се очекува "Кеплер", сега оддалечен од Земјата 150 милиони километри, да остане во стабилна, безбедна орбита околу Сонцето.