Џет-Сет
1. March 2016 - 8:50

Најниска гледаност на доделувањето на Оскарите во последните 8 години

Овогодинешната церемонија за доделувањето на Оскарите ја проследија 34,3 милиони Американци, што е најниска телевизиска гледаност во последните осум години. 

Еј-Би-Си телевизијата наведува дека, меѓутоа, доделувањето на Оскарите било најпратеното телевизиско шоу за доделување на награди во оваа година. 

Помала гледаност од оваа година, Оскар имал во 2008 година, кога церемонијата ја проследиле 32 милиони Американци, пренесува Танјуг. 

Гледаноста била ниска и покрај присуството на Леонардо Ди Каприо, кој го доби првиот Оскар. 

Минатата година, доделувањето на Оскарите го гледале 36,6 милиони граѓани на САД, што беше најниска гледаност за шест години.