Македонија
25. February 2017 - 10:11

Најмногу дожд во Маврово, најстудено во Берово

Во Македонија утринава преовладува облачно време со врнежи од дожд кои се пообилни во северозападните делови. Дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а во северните делови на Повардарието дува ветер од северен правец кој повремено се засилува, додека во Скопската котлина на моменти достигнува брзина и до 50 км/час.

Најмногу дожд до 8 часот има наврнато во Маврово - 18  л/м2, потоа во Лазарополе 17, Дебар 7, Охрид и Крива Паланка 4 и Пожаране 2, а најмалку во Претор и Виница - еден литар на метар квадратен. 

Најладно утринава е во Берово каде се измерени 0 степени, додека во Маврово се измерени 3 степени, а во Лазарополе 4 степени. Во Крушево и Скопје Петровец температурата била 5 степени, во Крива Паланка 6, во Гевгелија, Охрид, Претор, Пожаране, Ѓуриште, Скопје и Струмица 7, во Дебар и Куманово 8, во Битола 9, Дојран, Прилеп, Виница и Тополчани 10 и во Тетово, Штип и Демир Капија 12 степени.   

Повремените врнежи од дожд ќе се задржат и во текот на денот, а на повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Повеќе врнежи односно над 25 л/м2 се очекуваат во северозападните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, а во текот на денот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневната температура за околу 7, а во северните делови и за 10 степени.

Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 7 до 14 степени.

Во Скопје слично време со највисоката дневна температура до 10 степени.

Според УХРМ, утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо со кратки сончеви периоди попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а од понеделник дневните температури ќе бидат во пораст