Македонија
2. December 2017 - 8:52

Најмногу дожд во Крива Паланка и Битола, снег падна на планините

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 1 Ѓуриште, 2 Лазарополе, Дебар, Пожаране, Маврово, 3 Куманово, Крива Паланка, 4 Тетово, Крушево, Скопје, 5 Виница, Штип, 6 Прилеп, Тополчани, Охрид, 7 Д. Капија, 8 Претор, Струмица, Битола, 9 Берово, Гевгелија, 12 Дојран.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот: 21 Куманово, 22 Прилеп, 23 Гевгелија, 26 Скопје, 27 Д. Капија, 30 Струмица, 34 Штип, Ѓуриште, 35 Берово, 40 Тетово, Дојран, 41 Лазарополе, 42 Пожаране, 43 Крушево, Виница, Маврово, 44 Претор, 45 Дебар, 46 Тополчани, Охрид, 48 Битола, 66 Крива Паланка.

ВРЕМЕТО УТРИНАВА: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд претежно на исток и на североисток и со умерен интензитет. Во Виничко има појава на магла. Дува слаб променлив ветер. На повисоко на североистокот и во Скопско дува слаб до умерен претежно северозападен ветер.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни на запад и уште повеќе на исток (локално над 25л/м2), а кон југ и со услови за грмежи. На планините над 2000 м.н.в. ќе има повремен слаб снег. Преку ноќта од запад ќе се прошират нови врнежи кои ќе се претежно од дожд, само на високите планини ќе се од снег и кои во поголемиот дел ќе заврчуваат во недела до средината на денот. Температурата денес во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд и со слаб северозападен ветер. Температурата до 9 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во ноќта кон недела и в недела претпладне ќе има врнежи кои ќе се поинтензивни на западот и ќе завршуваат попладне. Од понеделник ќе преовладува посвежо време со северен ветер, а на планините краткотрајно ќе има провејување на слаб снег. Утринските температури ќе се во опаѓање и веќе од средината на неделата наутро температурите ќе се под нулата.