Најмногу дожд во изминатото деноноќие на Попова Шапка, денеска дожд и грмежи
Во изминатите 24 часа најмногу дожд - 16 литри на квадратен метар наврна на Попова Шапка, по што следат Лазарополе со 10, Тетово со три, Маврови Анови со два и во Скопје, кај Зајчев Рид - еден литар на квадратен метар.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на ноќта имаше мала до умерена локална облачност. Утрово е облачно, во северозападните и северните делови со повремени врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а наместа ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и кон крајот на денот засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни. Попладне ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 15 степени.
Ново на Сител
-
Годинава регистрирани 51 случај со ХИВ/СИДА – Невладините бараат поголем буџет за превенција и терапија
-
Раритетен археолошки наод - Ѕидана гробница од крајот на вториот век
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение