Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, најстудено утрово во Крушево
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка, осум литри на квадратен метар, соопшти УХМР.
Според мерењата утрово во 8 часот, шест литри на квадрат наврнало во Тетово, четири во Претор, три во Дебар, Куманово и Виница и два литра во Крушево.
Најниска температура од 7 степени е измерена во Крушево, 8 степени во Претор и Берово, 9 во Крива Паланка, 10 во Тетово и Виница, 11 степени во Струмица, Охрид и Битола, 12 во Скопје (Зајчев Рид), Куманово, Дебар, Штип и Дојран, 14 степени во Демир Капија и Гевгелија.
УХМР за денеска прогнозира променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови од земјата.
Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец (над 60 километри на час) особено по должина на Повардарието и во југозападниот дел од земјата. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 19 степени.
Ново на Сител
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН
-
9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот
-
Пратенички прашања: Од резолуцијата во ОН, преку Коцевски, до кој какво млеко пие
-
Уште 8 амбасадори се пакуваат за дома
-
Заменик градоначалникот на Скопје си поднесе оставка - Арсовска тврди дека таа го разрешила
-
Македонија сака да увезува отпад од ЕУ - Пратениците расправаат за последиците од аерозагадувањето