Свет
16. March 2017 - 13:52

Најмалку тројца ранети при престрелка во училиште во јужна Франција

Најмалку три лица се повредени при престрелка во едно училиште во јужна Франција, јавуваат француските медиуми, повикувајќи се на засега штурите информации на властите.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, специјални полициски сили се наоѓаат на местото на престрелката, а Владата преку својата апликација за мобилни телефон испрати предупредување за напад.

Полицијата побарала од жителите на градот да останат во своите домови и да не излегуваат на улица.

Според информациите, меѓу тројцата ранети се наоѓа и директорот на гимназзијата Токвил. Ранетите лицв се со полесни повреди.

Владините интернет страници, на кои се повикуваат француските медиуми, јавуваат за „терористички напад“ во училиштето.