Свет
5. March 2017 - 15:08

Најмалку три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Јапонија

Најмалку три лица загинаа, а четворица се водат за исчезнати откако спасувачки хеликоптер, за време на тренажен лет, се урна на планината Хачибусе, централна Јапонија.

Две лица се пронајдени без свест.

Полицијата на префектурата Нагано соопшти дека три тела се извлечени од остатоците на леталото при што е констатирана нивната смрт.

Полицијата претпоставува дека и исчезнатите лица се под остатоците на хеликоптерот.

Се уште не е позната причината за падот на хеликоптерот, а истрагата е во тек.

Во леталото имало седум пожарникари, двајца пилоти и еден инженер. За време на вежбата за спасување дошло до прекин на врската.