Најмалку шест загинати во невремето во источниот дел на САД
Најмалку шест лица загинаа, а неколку десетици се повредени во бури и торнада, кои го зафатија источниот дел на САД, соопштија денеска американските власти и нагласија оти се очекува зголемување на бројот на жртвите.
Агенцијата за управување со вонредни состојби во Мисисипи соопшти дека најмалку 40 лица се повредени ширум земјата.
Во серијата торнада, кои вчера погодија неколку држави во САД, голем број куќи се сериозно оштетени, а некои се срамнети со земја, додека најмалку две лица се водат како исчезнати.
Најмладата жртва е седумгодишно момче од Мисисипи, кое настрадало, откако торнадо го крена во воздух автомобилот, во кој се наоѓало.
Националната служба за временска прогноза, која издаде неколку предупредувања поради лошите временски прилики, соопшти дека опасноста не минала, а уште посилно торнадо им се заканува на Тенеси, Алабама, Кентаки и Мисисипи.
Околу 70 милиони луѓе живеат во областите, кои се погодени од бури и силни торнада.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто