Свет
22. November 2016 - 8:35

Најмалку шест деца загинаа во сообраќајна несреќа во Тенеси

Најмалку шест деца загинаа во сообраќајна несреќа во американската сојузна држава Тенеси.

Несреќата се случила кога автобусот со кој патувале 35 ученици и деца од градинка удрил во дрво во градот Чатануга и се превртил, пренесува БТА.

Спасувачките екипи два часа ги ваделе децата од автобусот, а 23 деца се хоспитализирани.

Шефот на полицијата во Чатануга изјави дека возачот на автобусот е испрашан и приведен. Тој се товари за најмалку пет убиства, несовесно возење и загрозување на општата безбедност. Не се исклучува можноста против него да бидат покренати и други обвиненија. Според првичната истрага, условите на патот биле добри, па се проверува дали возачот управувал со автобусот со неприлагодена брзина и употреба на алкохол