Свет
13. February 2017 - 15:42

Најмалку седум загинати во бомбашки напад на протест во Пакистан

Најмалку седум луѓе меѓукои и полицајци се убиени во експлозија на бомба на протест во источниот пакистански град Лахор.

Најмалку 40 луѓе се повредени во нападот што според полицијата бил насочен кон безбедносните сили кои го обезбедувале протестот на производители на лекови. Според првични информации на полицијата, најверојатно бомбаш самоубиец активирал експлозив. Производителите на лекови протестираа против нов владин закон.