Свет
20. January 2016 - 21:32

Најмалку седум лица загинаа во експлозија во Кабул

Најмалку седум лица загинаа, а 25 се ранети во експлозија на автомобил бомба во близина на руската Амбасада во центарот на Кабул, изјави денеска шефот на полицијата на Кабул, генералот Абдул Рахман Рахими. 

Тој нагласи дека меѓу загинатите цивили има и две жени.

Нападот бил насочен кон минибусот на најголемата авганистанска медиумска организација Моби груп, во чија сопственост е најпопуларната телевизиска станица Толо ТВ.

Рахими изјави дека напаѓачите возејќи го автомобилот полн со експлозиви како цел го имале минибусот, во кој се наоѓале вработени на организацијата, кои се враќале дома од работа. 

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, кој се случи во близина на руската Амбасада, авганистанскиот Парламент и зградите на повеќе министерства во Кабул.