-->
-->
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-->
Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу, јави ДПА. Новинската агенција Синхуа денеска јави дека 33 лица се повредени во невремето.
Според официјалните податоци, торнадото предизвикало штета на 141 производствени капацитети, но ниту една станбена зграда не е урната.
За време на торнадото, метеоролошката станица во областа Баијун во Гуангжу забележа брзина на ветер од над 20 метри во секунда.
Пред само една недела, Гуангжу и околната провинција Гуангдонг беа погодени од пороен дожд, при што загинаа најмалку четири лица, а повеќе од 100. 000 жители беа евакуирани.
Гуангжу има население од над 18 милиони луѓе. Главниот град на провинцијата Гуангдонг е еден од најважните економски центри во Кина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс