Свет
9. February 2016 - 13:43

Најмалку осуммина загинати во бомбашки напад во Дамаск

Најмалку осум луѓе загинаа, а околу 20 се повредени во експлозија на автомобил-бомба во близина на полициски клуб, соопшти сириското Министерство за внатрешни работи.

Бомбашот-самоубиец со обидел со автомобил полн со експлозив да удри во полицискиот клуб, но чуварите го спречиле. Напаѓачот успеал да го активира експлозивот.

Полицискиот клуб се наоѓа во непосредна близина на пазар во Дамаск.