Свет
21. September 2015 - 10:37

Најмалку осум лица загинаа, а околу 50 се ранети во експлозии во Нигерија

Најмалку осум лица загинаа, а околу 50 се ранети во три експлозии во Мајдугури, главен град на североисточната нигериска држава Борно.

Според некои информации, трите експлозии се случиле во близина на џамија.

Мајдугури е најголемиот град во североисточниот дел на Нигерија и повеќе пати бил цел на напади и терористички операции, извршувани од борци на радикалната групација Боко Харам.