Свет
12. February 2018 - 22:19

Најмалку едно лице загина при железничка несреќа во Австрија

Во судар на два патники воза во близина на местото Никласдорф во австриската покраина Штаерска, загина една жена, а повредени се 22 лица.

Австрија железничка несреќа

Жената која загина најверојатно беше патничка во возот кој се сообраќаше од Грац кон германскиот град Сарбрикен.

Во железничката несреќа се судрија воз на Еуросити, што сообраќаше од Грац кон Сарбрикен и локален воз. Меѓу повредените има и три деца.

Австрија железничка несреќа

При сударот неколку вагони излетаа од шините.

Се уште не е позната причината за железничката несреќа.